Чурлинов стартер во новата победа, Барнли е лидер во Чемпионшип-дивизијата

Дарко Чурлинов ја имаше улогата на стартер во тимот на Барнли на вечерашното гостување против Стоук, што екипата на нашиот репрезентативец го доби со минимални 0-1.

Крилниот офанзивец конечно ги надмина проблемите со повредата која неколку месеци го оддалечи од терените, па ја доби довербата од тренерот Компани вечерва да се појави од првата минута на теренот. Чурлинов беше заменет во 52. минута, а осум минути подоцна Барнли го постигна единствениот погодок на мечот преку Кулен.

Тимот на Барнли со оваа победа остана на чело на табелата во Чемпионшип-дивизијата со 53 бода, три повеќе од второпласираниот Шефилд Јунајтед и дури 14 повеќе од Блекбурн на третата позиција.

Се вчитува...