Чурлиновска блесна на кадетското СП, па се пресели во Куманово

ЖРК Куманово се пофали со нов трансфер откако поранешниот првак на Македонија потпиша договор со Матеа Чурлиновска. Станува збор за ракометарка која блесна на голот на македонската репрезентација на штотуку завршеното кадетско Светско првенство, а добрите партии на ова големо натпреварување беа доволна препорака за кумановци да ја доведат Чурлиновска во својот табор.

Таа доаѓа од редовите на прилепскиот тим Деспина и нема сомнеж дека преселбата во таборот на ЖРК Куманово е чекор напред во кариерата на талентираната голманка.

Куманово денеска го официјализираше и доаѓањето на уште еден голман, Симона Грујовска, која доаѓа од таборот на ЖРК Вардар.

Се вчитува...