„Чувствував како да се давам во вода… Веќе се збогував и со сопругата, но ете се спасив“

Голем број спортисти и спортски работници ширум светот се заразени од коронавирусот. Меѓу нив, секако, бројни млади лица доведени до степен и да се борат за својот живот.

„Мислев дека ќе починам. Бев сигурен дека е дојден крајот, но за среќа се спасив“ – е сведоштвото на англискиот сурфер Стив МекКонор.

„Интересно е дека првиот тест ми беше негативен. Но, по три дена веќе немав никаква енергија, не можев да дишам. Се чувствував како да се давам во вода и не можам да земам воздух. Бев хоспитализиран, но состојбата се влошуваше. Веќе се простував и од сопругата затоа што не верував дека ќе се спасам. Но, на крај се испадна добро“.

Се вчитува...