Да не постоеше ВАР: Реал Мадрид ќе беше шампион на Шпанија, Барселона втора

ВАР-технологијата е воведен во шпанското првенство пред пет години со јасна намера за исправање на судиските превиди. Сезонава беше користена рекордни 179 пати и имаше директно влијание на 38 одиграни натпревари.

А, ако не беше користена, изгледот на табелата ќе беше и тоа како поинаков. Шампионската титула би ја однел Реал Мадрид, а Барселона би била второпласирана, пренесува „Ас“ издвојувајќи ги судиските грешки кои се поправани од ВАР а благодарение на што Барселона заврши со трофејот со дури десет бода повеќе од Реал Мадрид.

Ако не беше користена ВАР-технологијата, Барселона ќе имаше 82 бода, шест помалку од сега собраните во сезоната. ВАР интервенираше и во четири клучни моменти за Барселона и тоа токму на натпреварите во дуелите со Реал. Ако ВАР не интервенираше, Реал ќе завршеше со 84 бода, шест повеќе во однос на актуелните 78 со колку што ја заврши сезоната.

Се вчитува...