Клучната пресметка за евентуален спас на Скопје или Пелистер и останување и следната сезона во Првата лига, денеска од 16 часот на стадионот во Автокоманда.
Скопје и Пелистер во директен мегдан во 31. коло од ПМФЛ ќе одлучат дали можеби за една од двете екипи до крајот на шампионатот ќе има надеж во трката за опстанок. Да се биде или не за двата тима!
„Добро ни е познато дека ова може да биде клучен меч. За нас вистински хендикеп беше тоа што моравме да ги играме последните натпревари како домаќини далеку од нашиот дом, и тоа не измести од континуитетот на игри кој го имавме пролетва. Но, сега желбата е огромна за триумф против Пелистер“ – вели стратегот на Скопје, Љупчо Марковски.
Пелистер, пак, е и со натпревар од конкурентите за опстанок, Победа и Скопје. Но, и во таборот на битолчани веруваат дека ова може да биде клучниот меч кој ќе даде надеж за останување во елитата.
Победа во 31. коло денеска во Струмица ќе биде домаќин на новиот шампион Шкендија. За прилепчани повеќе од неопходни се бодовите, како и дефинитивно би се издвоиле од последните две позиции на табелата.
ПМФЛ – 31. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Струмица: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА