Дабевска: Се надеваме дека ќе ни се посреќи со Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре ја очекува клучниот  натпревар против Романија за пласман во втората фаза на Европското првенство 2022 година. Македонија иако е аутсајдер и на овој меч се уште е во игра за третото место кое носи место меѓу 12 најдобри репрезентации на шампионатот.

Пикерот на репрезентацијата Сања Дабевска пред мечот со Романија вели…

„Клучната разлика е тоа што Романија е поблиску до нашиот квалитет. Не се школа како што се Франција и Холандија и не играат брз ракомет. Сите се надеваме дека нашата шанса е Романија. Се надевам дека може да ни се посреќи да биде наш ден и да одиме на победа“, изјави Дабевска. 

Се вчитува...