Даглас Коста се сели на „Џузепе Меаца“?

Бразилскиот интернационалец Даглас Коста по завршувањето на сезоната ќе го напушти Јувентус откако го загуби местото во составот на Масимилијано Алегри. По повредата, тој не успеа да се наметне за враќање во стартниот тим, а тренерот на Јувентус му даде шанса на Бернардески.

Италијанските медиуми најавуваат дека Даглас Коста би можел во летниот преоден рок да се пресели во Интер за сума од 50 милиони евра. На „нероаѕурите“ им е потребен нов квалитетен играч во средниот ред, а Даглас Коста би бил одлична опција и за левата крилна позиција.

За Бразилецот постои интерес и од англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Се вчитува...