Далас без Дончиќ во лоша серија, Леброн повторно го надмина Џордан (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс повторно се во победнички ритам, врзаа две победи по неуспехот против Хјустон. Славеа над Феникс со 125-100 и ја забележаа 40-та сезонска победа. Лидерот на Западната конференција има 12 порази и е втор најдобар тим во Лигата по Милвоки. Леброн Џејмс не беше лидер по бројот на поени во тирумфот над Феникс, постигна 17, но дојде до нов подвиг ов кариерата,  се проби на петтата позиција на вечната листа најдобри во НБА според бројот на погодени слободни фрлања. Стигна до бројката од 7328, и за едно го надминува Мајкл Џордан. Пред него се Карл Мелоун, Моузес Мелон, Коби Брајант и Оскар Робертсон.

 

 

Милвоки ја продолжува неверојатната серија, дојде до 46-та победа сезонава, има само два неуспеха на последните 15 натпревари откако славеше во пресметката со Сакраменто со 123-111. „Бакс“ беа сигурни и без Јанис Адетокумбо кој не е во тимот поради раѓањето на синот. Во негово отсуство, Крис Мидлтон и Ерик Бледсо со по 28 поени го предводеа Милвоки. Кај „кингс“, Харисон Барнс имаше 23 поени, Немања Бјелција и Богдан Богдановиќ постигна по 16 поени.

Денвер направи огромен пресврт и се врати по негатива од 23 поени и славеше во пресметката со Сан Антонио со 127-120. Никола Јокиќ имаше 19 поени и 13 асистенции. Џамал Мареј беше прв стрелец со 26 поени. Ламаркус Олдриџ беше лидер на Сан Антонио со 33 поени. Со оваа победа, 38 сезонава, Денвер е на вторто место во Западната конференција.

За Далас без Лука Дончиќ, Јута се покажа како преголем залак. „Џезерите“ го добија дуелот со 119-123. За Далас ова е трет пораз на последните четири натпревари, Јута пак е во низ од три последовни триумфа со кои се обидува да се врати на вистински колосек по лошата серија од пет последовни порази. Јута има ефект 35-18 за четвртото место на Запад, додека Далас е со биланс 32-22 и е на седмата позиција во оваа конференција.

 

Се вчитува...