Веќе неколку дена наназад се шпекулира дека Езџјан Алиоски веќе се подготвува за враќање во Саудиска Арабија. Наводно во списокот на играчи на кои нема да смета, Жорге Жезус го впишал и името на македонскиот репрезентативец, а денешниот меч со Ризеспор е доволен доказ дека деновите на Алиоски во Фенер се одбројани.
Се очекува само официјална потврда од Фенер, и разделбата е неизбежна. Иако пред неколку недели се шпекулираше дека Фенербахче ќе го откупи неговиот договор за 2 милиони евра, сепак, од тимот од Истанбул во меѓувреме се премислиле, и сега ќе го враќаат назад.
Тој беше позајмен на Фенер од Ал-Ахли, и договорот беше до крајот на сезоната, меѓутоа стои клаузула дека може да биде раскинат во секое време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА