Дали Мората сам си потпиша исписница од Реал? Одби да се ракува со Зидан

Напаѓачот Алваро Мората е на прагот да си замине од Реал Мадрид, откако јавно изрази незадоволство од тренерот Зинедин Зидан. Тој одби да се ракува со него, кога Французинот реши да го повлече од игра на синоќешниот меч против Севилја на „Сантијаго Бернабеу“.

Мората беше стартер во тимот на „кралевите“, но Зидан одлучи да го замени во 61.минута и на негово место во игра го внесе Лукас Васкез. По овој потег, Реал Мадрид постигна уште два гола и на крајот славеше со 4-1.

Шпанските медиуми коментираат дека со овој потег Алваро Мората самиот си ја потпишал исписницата од Реал Мадрид. Тој и претходно најави дека не е задоволен од минутажата и дека најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок. Како негова најверојатна дестинација се споменува новиот англиски првак Челси.

Се вчитува...