Дамчевски потпиша за Спартак Суботица

Македонскиот дефанзивец, Александар Дамчевски до крајот на сезоната ќе настапува во српскиот суперлигаш Спартак Суботица.

24-годишниот Дамчевски денеска и официјално се договори за трансфер во Спартак до јуни, со можност потоа за продолжување на соработката на уште една година.

Последен клуб за кој настапуваше Дамчевски е казахстанскиот Атирау. Како што е познато, својата фудбалска кариера ја стартуваше во швајцарските Луцерн и Кринс, а настапуваше и за бугарскиот Черноморец Бургас. За репрезентацијата на Македонија има четири настапи во периодот кога на клупата селекторуваше Бошко Ѓуровски.

Се вчитува...