Дамјан Митев: Имавме многу повредени играчи, го загубивме ритамот во вториот дел

Алкалоид нема да има можност да дојде до вториот пехар во Купот во историјата, откако загуби во полуфиналето од Вардар со 33-28. Така во финалето „црвено-црните“ ќе се сретнат со Охрид, кој претходно го совлада Е.Пелистер.

Играчот на Алкалоид, Дамјан Митев по мечот изјави дека големиот дел на повредени играчи си го стори своето да тимот во второто полувреме го загуби ритамот.

„Игравме тежок натпревар, затоа што имаме повредени играчи. Првиот дел го одигравме одлично, во вториот дел ни падна ритамот. И покрај тоа што оставивме срце на терен, не беше доволно. Им честитам на Вардар и со среќа во финалето“, рече Митев.

Се вчитува...