МЗТ Скопје Аеродром влегува во новата сезона со јасна цел уште на стартот да се бори за трофеј. Првата можност е во Суперкупот „Драган Василов – Цевка 2026“, каде во сабота, од 18 часот, во спортската сала во Куманово, актуелниот освојувач на трофејот ќе се соочи со МКК Куманово.
Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, очекува тимот да покаже енергија и квалитетна игра во одбраната, кои според него ќе бидат меѓу клучните фактори за исходот на натпреварот.
„Новата сезона, во која имаме голем број на обврски, ја започнуваме овој викенд со натпреварот од Суперкупот. Полека се подготвуваме за тоа и мислам дека сè ќе зависи од нас. Од нашата енергија, пред сè, и од играта во одбраната. Мислам дека ќе се прикажеме во добро светло и дека ќе победиме“, вели капитенот на МЗТ Скопје Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
