Данев: Дадовме максимум, но беше тешко да се игра со фудбалер помалку

Вардар претрпе болна елиминација по продолженија од Рига во реванш натпреварот од второто квалфикациско коло во Лигата на Конференции. И покрај водството од 0-2 до пред самиот крај, домашниот тим успеа да израмни, а потоа преку продолженија да стигне до убедлив триумф од 5-2, и да го трасира патот во третото коло.

„Црвнео-црните“ само може да жалат. Имаа водство, потоа добија црвен картон, но и покрај тоа успеаја да постигнат и втор гол, ама не издржаа во финишот и во продолженијата.

Димитар Данев, играчот кој влезе во продолженијата рече дека сите го дале максимумот, меѓутоа дека е тешко да се издржи со играч помалку.

„Сите играчи што бевме на терен го дадовме својот максимум за Вардар и се боревме секоја минута што ја добивме. Имавме добар старт, потоа добивме црвен картон ама и покрај тоа тактички бевме дисциплинирани и му париравме на противникот. Потоа примивме гол на три минути до крај, а во продолженијата тешко беше да се издржи со играч помалку на теренот“, рече Данев.

Се вчитува...