Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски ја продолжува својата кариера во Турција, но овој пат во тимот на Мугласпор.
Мугласпор е член на Втората турска лига, со амбиција за новата сезона за битка и за прволигашка промоција.
Оваа екипа која што доаѓа од истоимениот град Мугла, се натпреварува во втората по ранг лига на Турција.
Аврамовски досега во Турција настапуваше за Сиваспорт, Болуспор, Игдир и Кајсери, а во својата кариера настапуваше и за Македонија ЃП, Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Олимпија, Војводина, ОФК Београд….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
