Димевски е единствен кандидат на Редовното Изборно Собрание на МОК

Македонскиот олимпизам повторно живее свои бурни денови, со две закажани собранија на највисокот орган на МОК во само два дена. Актуелниот претседател на МОК, Даниел Димевски, е единствениот кандидат што ја достави својата кандидатура за прв човек на македонскиот олимпизам во пресрет на новото Редовно Изборно Собрание што тој го закажа за 8. февруари.

Димевски својата кандидатура ја поднесе официјално уште пред неколку дена, а во меѓувреме до истекот на рокот, како што информираат од МОК, тој не доби противкандидат во претстојната претседателска трка.

„Согласно пропишаните правила и рокови, единствената кандидатура што пристигна до канцеларијата на МОК беше онаа на претседателот Даниел Димевски“, информираат официјално од канцеларијата на Македонскиот Олимписки Комитет.

Како што е познато, пак, иницијаторите за промени во МОК закажаа и свое Вонредно Собрание, два дена пред редовното што го закажа Димевски. Единствена точка на ова Собрание ќе биде гласање на (не)доверба на претсeдателот. Повеќе од зачудувачка кај нас уште една поделба во спортот која јасно е оди единствено кон негативно претставување на Македонија и нејзиниот спорт во меѓународни рамки. А, факт е дека на крај последниот збор ќе го има Интернационалниот Олимписки Комитет, кој во вакви ситуации речиси без исклучок застанува во одбрана на своите членки.

Се вчитува...