Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Георгиевски ја продолжува својата кариера во најдобриот во моментов тим во австралискиот шампионат Мелбурн сити.
33-годишниот Георгиевски објави дека ја прекинал соработка со Вестерн Сиднеј Вондерерс и му се приклучува во Мелбурн сити на новонајавениот македонски младински репрезентативец Стефан Чолаковски. Георгиевски во Мелбурн Сити ќе биде замена за повредениот бек Натаниел Аткинсон.
Мелбурн сити во моментов се наоѓа на лидерското место во А-лигата на Австралија по 18 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА