Даниеле де Роси влегува во тренерски води

Легендарниот италијански фудбалер Даниеле де Роси по завршувањето на кариерата влегува во тренерските води. Имено, како што пренесува „Тутоспорт“ поранешниот капитен на Рома има понуда да го преземе Асколи, тим кој се натпреварува во Серија Б.

Тој би требало да го замени Абаскала кој  на клупата на тимот помина само два натпревари на кои забележа два порази од Кремонезе и Перуџа, поради што управата на клубот се реши на радикален потег и веднаш му врачи отказ плашејќи се од испаѓање во Серија Ц.

Понудата од клубот е испратена до Де Роси и сега се очекува само што ќе одлучи фудбалерот кој покрај Рома во кариерата играше и за Бока Јуниорс.

Се вчитува...