Даниловски: Ретко кога сезонава игравме вака тимски

Голамнот Никола Даниловски беше еден од клучните играчи на Металург во победата против Чеховски медведи (25-24). Во првото полувреме Даниловски имаше 12 одбрани и беше главен проблем за противничките ракометари, но и фактор на сигурност во играта на Металург.

„Сакам да им се заблагодарам на Чехиовски медведи за фер и коректниот меч. Не би се согласил дека имавме среќа за да победиме, водевме сите 60 минути. Почнавме многу добро во одбраната, сите игравме како еден и тоа ја направи разликата во првото полувреме. Ретко кога сезонава игравме вака тимски. Во вториот дел го имавме тој наш класичен пад, но цело време се боревме и имавме доволно залиха од првиот дел . Среќата е на страната на храбрите“ – изјави Никола Даниловски.

Се вчитува...