Даноски, сепак, не и пристапи на Победа

Македонскиот прволигаш Победа ги продолжува зимските подготовки работејќи двапати дневно, наутро во сала за кревање товар, а попладне на теренот со вештачка трева. Зоран Даноски, офанзивниот играч за врска кој беше најавен како засилување, сепак нема да и пристапи на Победа, информираат од клубот.

Првиот пријателски меч со Младост Лучани, кој беше закажан за 25. јануари е откажан, затоа што српскиот клуб наместо во Охрид ќе се подготвува во Словенија. Во меѓувреме договорен е пријателски меч со Велазерими на 4. февруари, како и учество на меморијалниот турнир „Вуко Каров“, во Кавадарци на 11-12. февруари, што воедно ќе биде и генералка пред почеток на пролетната полусезона.

Се вчитува...