Данска и Ирска ќе играат од „нула“ на реваншот за место на Мундијалот

Данска и Република Ирска одиграа без голови во првиот натпревар од баражот за место на Светското првенство 2018 во Русија.

Данците беа подобар противник, имаа 68% од поседот на топката со далеку повеќе удари кон голот на гостите, но не успеаја да стигнат до погодок за предност пред реваншот.

Ова реми е дефинитивно позитивно за Ирците кои сега на домашен терен, со поддршка од трибините, ќе се обидат да дојдат до Русија.

Се вчитува...