Дарко Чурлинов остана без тренер – Грамозис доби отказ од Шалке

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов остана без тренер, откако германскиот второлигаш Шалке му врачи отказ на шефот на стручниот штаб Димитрос Грамозис.

Иако Шалке се уште е во игра за враќање во елитата во германскиот фудбал, сепак чашата ја прели вчерашниот пораз од Ханза Рошток на домашен терен од 3-4. Назначувањето на нов тренер на Шалке како што најавија од клубот ќе се случи во понеделник.

Грамозис е дури осмиот тренер кој клубот од Гелзенкирхен го менува во последните три години.

 

Се вчитува...