Дарко Чурлинов заминува од Кочаелиспор

Ќе го напушти Кочаелиспор летово Дарко Чурлинов. Барем такви се најавите од турските медиуми. Македонецот заминува после само една сезона во турскиот тим, и 26 настапи зачинети со три асистенции во Супер-лигата на оваа земја. Кочаелиспор заврши на 10. позиција на табелата.

За Чурлинов ова беше прва сезона во Турција во својата кариера, откако на почетокот на септември потпиша двегодишен договор од Барнли. Меѓутоа на една година пред неговиот истек, тој ќе има нов клуб.

Во минатото покрај Барнли играше за Јагиелонија, Шалке, Штутгарт, Келн, младинските екипи на Магдебург, Ханза Рошток, Вардар и Работнички.

Се вчитува...