Дарко Велковски петти најдобар фудбалер во европските квалификации – Зад него Роналдо, Гризман, Де Брујне…

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на последниот чекор во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар откако беше поразена од Португалија со 2-0 во финалето од баражот.

Еден од фудбалерите кој се покажа во најдобро светло во овие квалификации беше Дарко Велковски кој овој циклус го заврши како петти најдобар фудбалер. Нашиот дефанзивец се најде во друштво на Французите, Килијан Мбапе и Карим Бензема, Холанѓанецот, Мемфис Депај и Англичанецот, Хари Кејн.

Велковски собра во квалификациите и во Лигата на нации вкупно 167 поени, а овој алгоритам ги собира перформансите на фудбалерите во зависност од тоа на која позиција играат. Интересно е тоа што зад Велковски се најдоа имиња како Роналдо, Гризман, Де Брујне…

 

Се вчитува...