Датоме: Ех, да му беше Жељко Обрадовиќ тренер на Кепа…

Непрофесионалното однесување на голманот Кепа во финишот од финалето од Лига-купот на Англија се уште е актуелно меѓу спортистите, а со интересна изјава се јави кошаркарот на Фенербахче, Џиџи Датоме.

Ех, да му беше Жељко Обрадовиќ тренер на Кепа. Баш би сакал да видам како би преживеал такво нешто“ – истакна Датоме.

Авторитетниот кошаркарски стратег важи за еден од најстрогите во овој спорт, но Обрадовиќ со дисциплината што ја наметнува кај своите играчи сигурно не би ни дозволил таква случка. Датоме и неговите соиграчи од Фенербахче најдобро го знаат тоа.

Се вчитува...