Давид Атанаскоски официјално се врати во Македонија ЃП

Македонија ЃП доби ново засилување во името на Давид Атанаскоски. Досегашниот член на Шахтер Караганди од Казахстан, ќе биде големо засилување за „лавовите“ на левата бековска позиција.

Атанаскоски тренираше долго време со Македонија ЃП, а дури сега е промовиран во ново засилување, откако беше комплентирана целосната документација. Тој практично се враќа во таборот на ѓорчепетровци за кои настапуваше од јануари 2020 до март 2021 година, по што замина во Казахстан.

Атанаскоски е третото засилување на тимот на Муарем Бајрами, по Годберг Купер и Кристијан Стојкоски.

Се вчитува...