Давид Атанаскоски прави „кам-бек“ во Македонија ЃП

Левиот бек Давид Атанаскоски по авантурата во Казахстан во тимот на Шахтјор Караганди, најверојатно повторно ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Некогашниот играч на Академија Пандев се враќа во клубот во кој настапуваше повеќе од една година. Соработката би требало да трае до крајот на сезоната.

Атанаскоски има 25 години, и ќе биде големо засилување за левата бековска позиција на тимот од Ѓорче Петров кој во пролетниот дел од сезоната ќе се бори за излез во Европа преку Купот.

Во минатото Атанаскоски настапуваше и за Хоризонт Турново и за Тетекс.

Се вчитува...