Давид Бабунски: Можеме и подобро, и ќе бидеме многу подобри!

По повеќе од четири години Давид Бабунски повторно во најдобрата репрезентација на Македонија демонстрирајќи повеќе од квалитетна партија во ремито (1-1) на гостувањето против Бугарија во Разград на стартот од Лигата на нации.

Бабунски влезе во игра на стартот од полувремето и внесе нескриена динамика во играта на македонската селекција, размрдувајќи го средниот ред во фуриозните 20 минути низ кои беа создадени неколку одлични можности а искористена само една.

„Можеме и подобро и ќе бидеме многу подобри. Среќен сум што повторно заиграв за репрезентацијата после долго време. Верувам дека ќе бидеме далеку поуспешни и резултатски веќе на следните натпревари“ – вели Бабунски по вчерашниот дуел со Бугарија.

Се вчитува...