Давид Вилја обвинет за сексуално вознемирување (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на шпанската фудбалска репрезентација и на Барселона, Давид Вилја е обвинет за сексуално вознемирување. Обвинувањата се за перидот кога беше играч на Њујорк Сити, а доаѓаат од девојка која во тој период била практикантка во клубот. Таа тврди дека Вилја несоодветно ја допирал, а обвинувањата ги објави во серија постови на Твитер. Засега ниту Вилја ниту Њујорк сити не се огласија во врска со случајот.

Давид Вилја во Њујорк беше во периодот од 2014 до 2018 година, потоа замина за Јапонија и во 2019 објави крај на кариерата. Сега тој повторно живее во Њујорк и работи на долгорочен проект за фудбалски клуб од Квинс кој во перспектива би требало да стане член на МЛС-лигата.

 

Се вчитува...