Давидовски и Џиролами одлични и на „Норисринг“

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски и неговиот тимски колега од „ Comtoyou Racing“, Франко Џиролами, продолжуваат со одлични настапи во TCR Europe, каде овој тим се наоѓа во водство во генералниот пласман.

Денешната трка се возеше на патеката „Норисринг“, каде Џиролами го освои првото место, додека Давидовски со одлично возење стигна до четвртата позиција. Тој се наоѓаше на осмата позиција, но одлично се снајде во завршницата, го мина Шпанецот Калјехас и го освои четвртото место на оваа трка, за нови 27 бода во генералниот пласман.

Тимот на Comtoyou Racing останува лидер во конкуренција на екипи, а Џиролами лидер во конкуренција на возачи со 275 бода.

Следната трка од ТЦР Европа повторно ќе се вори во Германија, овојпат на патеката „Нирбургринг“ на 26 и 28 август.

Се вчитува...