Давор Талески потпиша за финска Хонка

Довчерашниот голман на Победа, Давор Талески својата кариера ја продолжува во редовите на финскиот прволигаш Хонка.

Далески денеска официјализираше договор на една година, до јануари 2019, со Финците, со можност за продолжување потоа на истиот на уште една година.

Како што е познато, неодамна уште еден македонски голман, Дамјан Шишковски од Работнички се пресели во финскиот шампионат, во редовите на Лахти каде претходно на проба беше и Талески.

Се вчитува...