Давор Талески пред трансфер во фински Лахти?

Довчерашниот голман на прилепска Победа, Давор Талески е пред трансфер во еден од најдобрите фински клубови ФЦ Лахти.

22-годишниот Талески по одличната полусезона во Победа сега како слободен фудбалер е пред можен трансфер во Лахти, доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб на финскиот прволигаш. Македонскиот голман веќе е приклучен на подготовките на тимот одигрувајќи и неколку пробни натпревари за Лахти.

Давор Талески претходно во својата кариера има настапи и за 11 Октомври, Брегалница и Металург во домашното првенство, а ова е прв негов обид за почеток и на интернационална кариера.

Интересно, доколку не се реализира трансферот на Талески, во комбинација за голманската позиција во Лахти е и досегашниот голман на Работнички, Дамјан Шишковски.

Во Лахти изминатава сезона настапуваше и македонскиот напаѓач Марко Симоновски кој во овој преоден рок се пресели во романскиот прволигаш Сепси.

Се вчитува...