Де Хеа: Моите мисли се само со Јунајтед, сакам трофеи со Манчестер!

Шпанскиот голман Давид Де Хеа константно изминатиов период се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Беше на чекор од „кралскиот тим“ и во 2015 година, но трансферот пропадна во последен час.

Иако повторно го селат во Мадрид, Де Хеа во изјава за „Дејли мејл“ стави точка на сите приказни….

„Бранам во добра форма, и сакам така да продолжам и да освојувам трофеи. Кога сте во Јунајтед секогаш мора да имате менаџер со победнички менталитет. Го имавме Фергусон, а сега и Мурињо кој сака да победува. Мојата единствена желба во иднина е да освојува трофеи со Јунајтед. Мора да го вратиме таму каде што му е местото, на врвот од Премиер лигата и во Лигата на шампооните“ – вели шпанскиот голман.

Се вчитува...