Де Јонг: Баерн брутално ни ги покажа сите слабости во тимот

Барселона на срамен начин ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со огромен пораз (2-8) од Баерн Минхен во четвртфиналето. Тоа е само комплетирање на очајната сезона во која каталонскиот состав остана без трофеј.

Холандскиот интернационалец Френки де Јонг вели дека Барселона има многу проблеми во составот, а Баерн тоа успеал да им го покаже на брутален начин.

„Имаме многу проблеми во составот и во играта, тоа е повеќе од очигледно. За жал, Баерн Минхен тоа ни го покажа на многу брутален начин. Ќе мора многу работи да се менуваат за следната сезона, но јас не сум најповиканиот за таков разговор“, изјави Де Јонг.

Се вчитува...