Френки де Јонг се појави пред новинарите барајќи да се престане со ширењето невистини околу неговиот статус во Барселона и недоразбирањата што наводно ги имал со тренерот Ханси Флик.
Минатиот месец во шпанските медиуми беше пишувано дека Флик е бесен на Де Јонг и сака да го продаде екс-капитенот на Ајакс бидејќи тој одбил да настапи на клучниот меч од ЛШ против Атлетико, жалејќи се на повреда.
„Многу ме погаѓа се што се случува, особено што се шират толку многу лаги. Секој смее да има свое мислење, да каже дека сум лош играч ако мисли така, но не и да лаже, да изнесува работи во јавноста што никогаш не се случиле. Дека не сум сакал да играм со Атлетико, тоа е апсолутна лага. Сакам секогаш да сум на терен, особено на најважните натпревари како тој со мадридскиот ривал. Како може некој да пишува дека сум одбил да излезам на терен… навистина неверојатно… Велат дека сум во конфликт со тренерот и со управата, слободно прашајте ги, постојано сум во контакт со нив и немаме никаков проблем“, истакна Де Јонг.
Холандскиот ас поради повреда ќе ги пропушти првите три месеци од новата сезона, а Де Јонг не крие дека е разочаран од советите што му биле дадени од медицинскиот тим на холандската репрезентација.
„Тоа се случи на меч од мундијалот, еден фудбалер ми падна на ногата и веднаш осетив болка во коленото. Се пожалив, имаше прегледи, но ми кажаа дека можам слободно да играм, ќе имам мала болка, но состојбата сигурно нема да ми се влоши. Мундијалот заврши, а јас по враќањето назад веднаш заминав на детални прегледи, кои покажаа дека проблемот е многу посериозен“, изјави Френки де Јонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
