Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го испрати до ФИФА поширокиот список на фудбалери за претстојното Светско првенство, на кој не се Алваро Мората и Дани Карвахал.
На списокот се наоѓаат дури 55 фудбалери, одредени од селекторот на „црвената фурија“, кој ќе треба да испрати нов, скратен и конечен список од 26 имиња на адресата на ФИФА до 25 мај.
Двајца фудбалери кои беа неопходен дел од националниот тим во последната деценија, овој пат отсуствуваат, делумно поради лоша среќа со повредите, делумно поради недостаток на минути во нивните клубови.
Вториот, Мората, кој поголемиот дел од сезоната ја „грее клупата“ во Комо. Интересно е што тој дојде во Комо токму за да добие минутажа и да се наметне кај селекторот на Шпанија за Светското првенство.
Мората, кој одигра 87 натпревари за Шпанија и постигна 37 гола, постигна само еден гол, во Купот на Италија оваа сезона. Тој пропушти осум натпревари поради повреда.
Искусниот напаѓач, кој ги предводеше Шпанците со капитенската лента во финалето на ЕУРО против Англија пред две години, овој пат е далеку од репрезентативната форма на националниот тим и репрезентативниот дрес.
Карвахал беше надвор од терените поради низа повреди во текот на изминатата година. Тој беше надвор од терените 109 дена од неколку причини: повреда на мускул, повреда на коленото и конечно фрактура на коската на стапалото од која моментално се опоравува.
И она мало време кога беше во форма играше малку – вкупно 885 минути во тековната сезона.
Карвахал одигра 52 натпревари за националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
