Де Зерби ја одбил понудата од Болоња поради почит кон Михајловиќ

Откако фудбалскиот клуб Болоња донесе одлука Синиша Михајловиќ повеќе да не биде тренер на тој клуб, раководството сакаше на клупата да седне Роберто Де Зерби. Но, тој ја одбил понудата од почит кон српскиот стручњак.

Сите беа изненадени од одлуката на Роберто Де Зерби откако му беше понудена функцијата тренер на клубот од Болоња.

„Би сакал да бидам тренер на Болоња, но не можам да ја прифатам понудата поради Синиша“, изјави Де Зерби.

Помеѓу Де Зерби и Михајловиќ нема посебен однос, имено двајцата речиси и не се познаваат, не се пријатели ниту се гледаат дури и како познаници.

Медиумите во Италија коментираат дека поранешниот тренер на Сасуоло донел човечка одлука. Тој едноставно не можел да замени тренер кој води битка многу поголема од фудбалската игра: онаа против леукемијата.

Се вчитува...