И кога се чинеше дека Хајдук има резултат со кој може да го елиминира ланскиот учесник во групната фаза Пафос, се чини дека на разочарувањата на тимот од Сплит во Европа им нема крај. Првиот меч го доби хрватската екипа со 2-0, и на реванш отпатува со голем ентузијазам дека може да направи нешто и да обезбеди учество во групната фаза во Лигата на Европа.
Но, сплитските „бели“ им приредија нов шок на свиоте многубројни фанови, откако загубија со 4-0 на реваншот на Кипар, и така се елиминирани од ЛЕ. Во регуалрниот дел Пафос триумфираше со 2-0, а во продолженијата постигна уште два гола и го исфрли овој тим, кој продолжува во Лигата на Конференции.
Во 3. квалификациско коло продолжува и солунски ПАОК кој триумфираше и на реваншот против Динамо Киев, и така се најде меѓу најдобрите во ова натпреварување, како и Бешикташ кој го елиминираше Митјиланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
