Дебата во Италија дали Манчини згреши што не го повика Балотели: Касано и Виери со спротиставени мислења

Сериозна дебата се разви денеска во Италија по објавувањето на списокот на Роберто Манчини за натпреварот со Македонија во плеј-офот за пласман на СП 2022, во кој го немаше Марио Балотели.

За и против се размислувањата меѓу голем број италијански фудбалски легенди дали Балотели требаше да се најде на италијанскиот список, меѓу кои се издвојуваат оние на Антонио Касано и Кристијан Виери.

Касано истакнува дека да бил тој на место на Манчини, сигурно би го повикал Балотели.

„Може да го викните Балотели или не, може да го сакате или не. И јас секогаш ќе бидат на страната на Манчини и неговите избори, и секогаш ќе ја бодрам Италија. Но, јас лично би го повикал Балотели. Во неговите гени има лудило кое ве тера да играте се до последната секунди. Би го чувал за тие моменти, да игра во финишот во случај ако е тоа неопходно“ – вели Касано.

Но, Кристијан Виери има сосема поразлично мислење.

„Сите овие изминати години јас ништо не видов специјално од него за да добие повик. Ако некој го знае него тогаш тоа е Манчини, и сигурно има причина зошто не го повикал. И јас лично место Балотели би повикал друг играч, а не некој кој и нарушува атмосфера во тимот. Ако е за да се даде импулс на играта во последни 20 минути доколку тоа е неопходно, тогаш подобро би го ставил Скамача во игра“ – вели Виери.

Се вчитува...