Дефинитивно: Заминува капитенот на Реал Мадрид

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната. 

Капитенот на Реал Мадрид останува без договор, а иако имаше дури и индикации дека би можеле да има преговори во врска со продолжување на соработката, тоа нема да се случи. 

Десниот бек на Реал Мадрид имаше многу проблеми со повредите и со оглед на тоа што има 34 години, јасно е дека не може да го обезбеди она што го обезбеди претходно за овој тим, па затоа реши да го напушти клубот како слободен агент. 

Реал Мадрид нема ништо против тоа, а Карвахал нема да ја заврши кариерата, туку ќе бара нов клуб. 

Тој речиси целата своја кариера ја помина како играч на Реал Мадрид, освен сезоната 2012-13 кога го носеше дресот на Леверкузен каде што беше продаден за пет милиони евра, но брзо беше вратен во Мадрид според клаузулата што само Реал ја имаше за откуп. 

Се вчитува...