Дејан Чолески е избран за нов претседател на Карате федерацијата на Македонија

Дејан Чолески е избран за нов претседател на Карате федерацијата на Македонија.

На денешното вонредно собрание Чолески беше избран со 54 гласа од 58 присутни со право на глас, 4 ливчиња беа неважечки, а предложен од 79 клуба, без против. Тој на оваа позиција го замени Петар Белистојаноски кој си поднесе оставка од позицијата претседател.

Чолески е долгогидешен карате работник во Македонија кој беше дел од федерацијата како член на Извршен одбор во периодот на најголемите успеси на карате спортот во нашата држава.

Се вчитува...