Дејан Георгиевски ќе се бори за европско злато

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски ќе се бори за медал на Европските игри во Краков, Полска откако во полуфиналето славеше против Шпанецот Иван Гарсија Мартинез со 2-0.

Македонецот кој на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молин со 2-0 и Украинецот Андри Харбар од 2-1, беше подобриот противник против Шпанецот добивајќи ја првата рунда со 4-2 и втората со 8-3.

Во финалето Георгиевски за противник ќе го има Британецот Луис Канингхем.

Се вчитува...