Дејан и Венцислав Недев на шотокан карате семинар во Грција

На покана на Грчката карате асоцијација, Дејан и Венцислав Недев ќе учествуваат на летниот шотокан карате семинар кој од 22. до 26. јуни, ќе се одржи во Толо, Грција.

Семинарот ќе го водат Димитрис Казакеас и Али Бароуди од Грција, како и Дејан и Венцислав Недев од Македонија.

Соработката меѓу македонските и грчките каратисти е на доста високо ниво, па оваа година на 23-24 септември во Неа Мудања ќе се одржи ИТКФ Светскиот куп во традиционално карате “Хидетака Нишијама” на кој ќе учествуваат и македонските каратисти.

Се вчитува...