Дејан Митровски – Урко избран во бордот на ИФМА Европа (ФОТО)

Во рамките на Европското маитаи првенство кое изминативе денови се одржа во Анталија, Турција, се одржа и Изборно собрание на ИФМА Европа на кое за нов претседател е избран Хасан Јилдиз од Турција.

На Собранието претседателот на македонската федерација Дејан Митровски – Урко е избран во тимот на новоизбраниот претседател како член на бордот на ИФМА Европа.

Митровски, на европскиот собир во Анталија изминативе денови имаше средби и со генералниот секретар на ИФМА World, Стефан Фох, како и техничкиот директор на ИФМА, Чариса Тунан.

 

Бобан Илиоски на Европското првенство во матаи се закити со бронзен медал, како продолжување на успехот со освоеното злато на Светското кикбокс првенство во Португалија.

Се вчитува...