Дејан Недев – двократен европски шампион во кати и фукуго!

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев стана двократен европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33. Европски шампионат во традиционално карате кој се одржува во Белград, Србија.

Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот европски шампионат кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија.

Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки.

Се вчитува...