Дејан Тантуровски во преговори со Македонија ЃП

Клубовите од Македонија полека работат на доведување на засилувања во своите редови, а некогашниот офанзивец на Металург, Дејан Тантуровски е во преговори со прволигашот Македонија ЃП.

Тимот од Ѓорче Петров е во финансиски проблеми и досега двајца играчи го напуштија клубот, а се очекува до крајот на преодниот рок да се направат уште неколку играчки промени. Екипата на Јовица Кнежевиќ прикажуваше солидни партии во првата полусезона, но секогаш изостануваше завршницата која е слаба страна на „лавовите“.

Тантуровски последно во кариерата настапуваше за босанскиот второлигаш Орашје и со оглед на неговите технички способности, би можел да биде квалитетно засилување за напаѓачката позиција на Македонија ЃП.

Се вчитува...