Потпишано: Дејвис е нов тренер на Веспрем

Веќе нема никакви дилеми, Давид Дејвис од денеска е нов тренер на екипата на Веспрем, откако поранешниот член на стручниот штаб на Вардар ги договори сите услови за соработка со унгарскиот вицепрвак, потпишувајќи договор на „една плус една сезона“.

Како што пренесоа неколку медиуми од оваа земја, Дејвис бил гостин на управата на Веспрем во комплексот „Бетекинтс Велнес“ каде разговарал со управата на актуелниот вицешампион. Овие преговори завршиле успешно, по што Дејвис денеска и официјално беше промовиран од страна на унгарскиот ракометен гигант.

Шпанскиот стратег неколку сезони беше дел од стручниот штаб на Раул Гонзалез во машкиот тим на Вардар, а кратко време мина и како предводник на женската екипа на „вардарки“, со која сепак не успеа да се искачи на тронот на Европа.

Претходно со преселба во Веспрем беше поврзуван и Веселин Вујовиќ, но откако „Вујо мајсторе“ не се договори со управта на унгарскиот гигант, се прејде на конкретни преговори со Дејвис.

Се вчитува...