Дембеле конечно се разбуди, но летово ќе си замине од Барса?

Усман Дембеле две години важеше за големо промашување на Барселона, францускиот ас сезонава конечно блесна и влезе во посакуваниот ритам, но лесно може да се случи тој летово да си замине од „Камп Ноу“. Причината е едноставна – Дембеле летово ќе има само уште 12 месеци од актуелниот договор со Барса, па доколку истиот не биде продолжен каталонците ќе инсистираат на негова продажба, за да не се случи засилувањето од над 100 милиони евра без никаква отштета да го напушти клубот.

Сепак, со голема доза не изненадување е прифатена денешната изјава на самиот фудбалер, кој обелодени дека Барселона се уште му нема понудено продолжување на соработката, на само два месеци до почетокот од преодниот рок.

„Имам договор на само уште една година, но никој од управата ми се нема јавено. Немам добиено никаква понуда. Се чувствувам среќно, би сакал да останам, но немам понуда за такво нешто. Не го познавам добро новиот претседател, но знам дека важи за многу близок со фудбалерите. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Дембеле.

Жоан Лапорта во моментов е фокусиран на задржување на Лионел Меси, а доколку Аргентинецот остане поради финансиските проблеми ќе треба најпрвин да се продадат неколку од актуелните фудбалери пред да се доведат  нови засилувања. Гризман и Кутињо се на врвот на листата со играчи кои би требало да си заминат од Барселона, но многу лесно може да се случи на излезна врата да се најде и Дембеле, особено доколку пристигне примамлива понуда за Французинот.

Се вчитува...