Дембеле останува на „Камп Ноу“ до 2027 година

И покрај тоа што во неколку наврати имаше шпекулации за негова продажба, сепак, Усман Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“ уште најмалку четири години.

Според информациите, Барселона и Французинот се договориле на продолжување на договорот, кој треба да потпише во следните неколку дена. Дембеле во актуелниот договор имаше клаузула за заминување за 50 милиони евра, но крилниот офанзивец јасно стави до знаење дека нема намера да ја активира, па сега за награда се очекува да добие продолжување на соработката, со зголемување на платата што му беше намалена минатото лето, за да може да биде регистриран како играч на Барса.

„Јас сум среќен тука, и сакам да продолжам. Барселона сака да ми го продолжи договорот до 2027 година. Моите агенти се во преговори“, истакна Дембеле.

Се вчитува...