Демир го напушти Шкупи, пред трансфер во Беласица

По заминувањата на Бразилецот Сержињо и Дарко Илиески, Шкупи се раздели и со поранешниот младински репрезентативец Бенјамин Демир.

24-годишниот Демир го раскина договорот со чаирчани, во очекување, според последните најави, на трансферот во новиот прволигаш Беласица.

„Се разделив со Шкупи по неколкумесечна соработка. Му благодарам на тренерот Ќатип Османи за укажаната доверба, како и на спортскиот директор Омер Буњаку. Има неколку понуди од домашни прволигаши за продолжување на кариерата, но нема да избрзувам со одлуката“ – вели Демир.

Бенјамин Демир во својата кариера досега има настапувано за Македонија ЃП, Работнички, Пелистер, Тетекс, Еуромилк ГЛ, за хрватските Интер Запрешиќ и Хајдук, како и за српскиот прволигаш Спартак Суботица.

Се вчитува...